ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ
Вежба 2
Вежба 3
Вежба 4
Вежба 5
Вежба 6
Вештачката интелигенција е посебен вид компјутерска технологија што им овозможува на машините да размислуваат, учат и решаваат проблеми – слично како луѓето! 🏆
✅ Учење: Компјутерите анализираат податоци и стануваат попаметни со време. ✅ Разбирање: ВИ може да препознае глас, слики и текст, како асистентите во телефонот. 📱 ✅ Одлучување: Ги користи собраните информации за да направи паметни избори. На пример, кога YouTube ти препорачува видеа што ти се допаѓаат – тоа е ВИ на дело! 🎥💡Одредете дали дадениот исказ за етичко користење на компјутерите, е правилен или не
https://learningapps.org/display?v=pqjpxn5ua25
Погледнете ги видеата и најдете ги зборовите во играта дадена со QR кодот!
https://www.youtube.com/watch?v=FAJGz2UWoZM
https://www.youtube.com/watch?v=9Edhn_LERHc
Вежба за уредување на пасуси
Текст за вежбање на уредување пасуси
Пасус 1
Пролетта е годишно време кое носи свежина и нови почетоци. Дрвјата се
облекуваат во зелена боја, а цветовите почнуваат да расцветуваат. Воздухот е
исполнет со пријатен мирис и пеење на птиците.
Пасус 2
Во лето, деновите се подолги и потопли. Учениците најчесто го очекуваат летниот
распуст за да патуваат, да играат игри или едноставно да се одмораат. Многумина
го поминуваат времето крај реки, езера или на море.
Пасус 3
Есента е време кога природата ја менува својата палета на бои. Листовите
стануваат жолти, црвени и кафени. Тоа е период кога почнува новата учебна
година и кога сите се враќаат на училишните обврски.
Пасус 4
Зимата носи студ и снег. Децата уживаат во снежните игри – правење снешко,
лизгање и снежни топки. Иако е студено, зимата носи и празнична атмосфера која
им се радуваат и млади и возрасни.
Во овој текст учениците можат да применат:
Презентација за историскиот развој на компјутерите
По повод Денот на
училиштето, на ден 02.04.2025г. на наша покана и наше големо задоволство, со
учениците од шесто одделение бевме домаќини на ученици-членови од ЕДУ
Академија, млади ЛЕГО инжинери со нивниот Лего едукатор Тања Стојковска.
Секој час
преставува нова авантура и потик за учење на нови вештини!
Од мали нозе кон големи
достигнувања - вештини на иднината се развиваат со помош на Лего едукација.
Деца кои преку
игра истражуваат научни принципи, стануваат сигурни во своите способности и
потенцијали и повеќе се спремни за предизвиците во иднината!
Благодарност
до членовите на ЕДУ Академија и нивниот Лего едукатор Тања Стојковска за
прекрасната презентација и демонстрација на ЛЕГО модели.
ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ Вежба 1 Вежба 2 Вежба 3 Вежба 4 Вежба 5 Вежба 6