Нашите ученици од 6то одделение беа партнери
во меѓународниот еТвининг проект Ткајачи на животот посветен на Меѓународниот
ден на толеранцијата 16-ти Ноември. Во тек на проектот
учениците со убави зборови креираа, т.е ткаеја живот полн со радости, среќа и
љубов. Цел на проектот беше да се користат убави
зборови во комуникацијата, бидејќи само на овој начин учениците прераснуваат во
здрави и позитивни луѓе кои шират емпатија.
Преку проектот беа постигнати следниве задачи:
- Развој на човечки вредности и етика кај децата
- Зајакнување со примери на добро однесување
- Презентација на начини на добра комуникација
- Поттикнување на размислување за важноста на убавото и културното
однесување
- Развој на ИКТ вештини; креативно размислување; уметност и
јазични вештини; интердисциплинарно поврзување на наставните содржини
Преку бура идеи, учениците
зборуваа на
тема толеранција, елементи на толеранција, односно нетолеранција, поврзани со животни ситуации што не опкружуваат, конфликти
што се случуваат затоа што луѓето не толерираат разлики. Им беше дадена задача да најдат зборови поврзани со
толеранцијата. Потоа, vо нацртан цвет требаше да ги запишат избраните зборови и ги напишаа своите
очекувања во врска со овој проект на трудовите.
Следна активност беше да истражуваат и проучуваат поговорки кои зборуваат за односите меѓу луѓето. Ги проучуваа изработките на учениците од другите училишта преку twinspace и на тој начин разменија мислења и искуства. Исто така, им беше даден список на зборови и учениџците избираа кои зборови според нив би можеле да бидат поврзани со толеранцијата. Според избраните зборови дискутираа за своите очекувања во врска со овој проект на трудовите. Учениците научија и размислуваа за толеранцијата и сите се согласивме дека овој проект е многу важен и стимулативен. Тогаш тие го запознаа новиот збор „толеранција“ и открија кога е обележан тој датум.
Меѓународниот
ден на толеранцијата се слави на 16 ноември. Тоа е ден кој нè потсетува да ги
почитуваме и цениме различните од нас. Ден кој нè охрабрува да бидеме
толерантни кон другите. Во 1996 година, Генералното собрание на Обединетите
нации ги повика земјите-членки да воспостават Ден на толеранција во согласност
со Декларацијата за принципите на толеранција, потпишана од членките на 16
ноември 1995 година.
Учениците преку дискусија и стимулативни прашања, заклучија дека не е тешко да прифатите некој што е различен од вас на кој било начин. Разновидноста не треба веднаш да се осуди, туку да се разбере и прифати. Учениците се изразија на темата „Ткајачи на животот“ преку употреба на убави зборови, развивајќи креативни уметнички и литературни способности. На часовите се иатражуваа поговорки и творби на тема толеранција. Баравме на Интернет убави мисли за толеранцијата и ги запишувавме. Научивме нова алатка и напишавме зборови во Wordart. Следната задача беше да се направи тепих од убави зборови. Гледавме и набудувавме фотографии од килим со нaш традиционален македонски вез и ги проучувавме шарите. Креиравме слика од нашиот тепих со избран збор среќа. Заклучивме дека толеранцијата е убав збор затоа што ги вклучува оние зборови што значат нешто добро, убаво и благородно. Учениците уживаа во сите активности и рекоа дека проектот ги исполни нивните очекувања.
Можеби
најважниот момент е што остварија
нови познанства и искуства за следен проект.


