Од декември 2022г., со учениците од 6-3 започнавме нов етвининг проект Let’s be friends,
во кој се вклучени училишта од Турција, Србија, Полска, Романија, Шпанија и Португалија.
Овој проект е проект е за пријателство. Целта е да се подобруваат колаборативните и јазичните
вештини на нашите ученици преку комуникација и соработка со ученици - пријатели
од други земји.
Во наредниот период до април 2023 г. предвидени се повеќе различни активности.
Учениците ќе користат веб2.0 дигитални алатки и апликации за креирање на презентации,
видеа, песни и ќе имаа активна улога во текот на целиот проект. Учениците ќе имаат
онлајн средби на различни теми. Нивното внимание ќе го насочиме кон природата и подигнување
на свеста за важноста за здраво живеење. Безбедно користење на интернет е исто така, една од
главните цели на нашиот проект.
Откако родителите потпишаа согласност за учество на нивните деца во проектот,
започнавме со првите активности:
-онлајн состаноци на наставнците од училиштата вклучени во проектот
- креирање видео презентација на училиштето
-креиравме постер на проектот
-креирање лого на проектот и избор на официјално лого на проектот
-креирање аватар и претставување на учениците преку анимација
- анкета за гласање за лого
- креирање етвининг корнер и табла на проектот
- Креирање на падлет за заедничко споделување на активности
-учество во снимање на заедничка песна со учениците од сите земји
-креирање на блог за проектот https://etwinningprojectletsbefriends.blogspot.com/