Sunday, September 21, 2025

ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

 Вештачката интелигенција е посебен вид компјутерска технологија што им овозможува на машините да размислуваат, учат и решаваат проблеми – слично како луѓето! 🏆

✅ Учење: Компјутерите анализираат податоци и стануваат попаметни со време. ✅ Разбирање: ВИ може да препознае глас, слики и текст, како асистентите во телефонот. 📱 ✅ Одлучување: Ги користи собраните информации за да направи паметни избори. На пример, кога YouTube ти препорачува видеа што ти се допаѓаат – тоа е ВИ на дело! 🎥💡

Определи дали следниве искази се предности или недостатоци на вептачката интелигенција:


Корисно видео:

Wednesday, September 3, 2025

НАСТАВНО ЛИВЧЕ - Уредување на пасуси

 Вежба за уредување на пасуси 

Текст за вежбање на уредување пасуси

Пасус 1
Пролетта е годишно време кое носи свежина и нови почетоци. Дрвјата се облекуваат во зелена боја, а цветовите почнуваат да расцветуваат. Воздухот е исполнет со пријатен мирис и пеење на птиците.

Пасус 2
Во лето, деновите се подолги и потопли. Учениците најчесто го очекуваат летниот распуст за да патуваат, да играат игри или едноставно да се одмораат. Многумина го поминуваат времето крај реки, езера или на море.

Пасус 3
Есента е време кога природата ја менува својата палета на бои. Листовите стануваат жолти, црвени и кафени. Тоа е период кога почнува новата учебна година и кога сите се враќаат на училишните обврски.

Пасус 4
Зимата носи студ и снег. Децата уживаат во снежните игри – правење снешко, лизгање и снежни топки. Иако е студено, зимата носи и празнична атмосфера која им се радуваат и млади и возрасни.


Во овој текст учениците можат да применат:

  • На првиот пасус постави простор пред него (12pt).
  • На вториот пасус додади рамка со црвена боја околу текстот.
  • На третиот пасус промени го проредот на 1.5.
  • На четвртиот пасус додади светлосина позадина.
  • На првиот пасус додади простор после него (24pt).
  • На вториот пасус примени двоен проред (2.0).
  • На третиот пасус постави рамка со плава боја.
  • На четвртиот пасус додади простор пред него (18pt).

ТАБЕЛАРНИ ПРЕСМЕТУВАЊА

 ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ   Вежба 1   Вежба  2   Вежба  3   Вежба  4   Вежба  5   Вежба  6