Етвининг проект Let's STEAM and let's PLAY

 Нашите ученички од 6то одделение:  Незире Таирова, Сонѓул Рустемова и Џенифер Канановска и од 7мо одделение Андреа Николовска, Анастасиа Ѓоргиева, Санка Јашаровска, Арзије Канановска и Мила Ристевска беа активно вклучени во етвининг проектот Let’s STEAM and let’s PLAY со ученици од 3 други партнер држави: Турција, Србија и Романија.

Идејата на овој проект беше да ги поттикне учениците да користат различни алатки за креативно размислување за решавање на проблемите преку поврзување на идеи и заедничка соработка. Нашата цел беше да ја зголемиме мотивацијата и интеракцијата на учениците. Учениците учеа како да споделуваат идеи,  отворено, да работат заедно и да најдат решенија со користење на различни дигитални  алатки. Тие учеа  дека постои поврзаност помеѓу научните предмети како што се математика, биологија, географија и уметничките - уметност, музика, јазици. Овој проект им помогна во развивање критичко и аналитичко размислување и како да го користат своето знаење во реалниот живот.  

За време на заедничките активности, учениците работеа заедно и креираа лого, постер, сите заедно испеаја заеднички песна за природата,  создадоја е-книга за играчки од рециклирани матерјали, правеа експерименти за мешање бои, креираа е-книга и беа многу среќни што беа дел од проектот.


No comments:

Post a Comment

ТАБЕЛАРНИ ПРЕСМЕТУВАЊА

 ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ   Вежба 1   Вежба  2   Вежба  3   Вежба  4   Вежба  5   Вежба  6