Friday, June 28, 2024
Be Earth Friendly - еТвининг проект
Оваа учебна година, учениците од 6-то и 7-мо одд. од ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола беа активно вклучени во етвининг проектот Be Earth Friendly со ученици од 4 други партнер држави: Тунис, Јордан, Хрватска и Шпанија. Главна цел на проектот е да ја подигне свеста и да ја поттикне одговорноста за заштита на почвата а со тоа и за Земјата и иднината на човештвото. Преку заеднички активности, проектот поттикна преземање важни мерки за изнаоѓање решенија за загадувањето на почвата, подобрување на одржливоста на почвата и обезбедување одржлива земјоделска продуктивност според Целите за одржлив развој.
Нашите ученици работеа во 5 меѓународни групи, именувани по компонентите на почвата, на креативен, уметнички и иновативен начин. Колаборативните активности беа дигитални и реални: независно истражување на темата, изработка на колаборативен Водич за рециклирање: од загадувачи на почвата до уметнички дела, кои може да се користат за да се инспирираат други. Резултат на овој проект беа извонредни уметнички дела рачно создадени од ученици до заеднички виртуелен музеј и кампањи за чистење и засадување дрвца во нивните училишта и населби.
Од нашето училиште беа вклучени учениците од 6то одделение: Андреа Николовска, Анастасиа Ѓоргиева, Санка Јашаровска, Арзије Канановска, Мила Ристевска и од 7мо одделение: Рисима Ристоска, Христијан Јошевски, Александра Србиновска, Јован Василевски, Мартин Милевски, Христијан Јошевски, Дамја и Леона Дамјаноска.
Friday, May 10, 2024
еТвининг Ден 9-ти Мај 2024
Под мотот „Ајде да прославуваме заедно“ , учениците од 6то одделение се приклучија кон иницијативата за одбележување на 9ти Мај Денот на еТвининг и Денот на Европа. Ученциите реализираа заедничка активност со други ученици од повеќе држави од Европа вклучувајќи се во претходно најавен настан со даден код. Оваа активност наиде на голем интерес од страна на учениците.
Wednesday, January 31, 2024
Кодираме со #EUCodeweek ресурси
Учениците од 6то одделение изработуваa едноставни програми со редоследна структура и користea готов ресурс од EUCodeweek ресурси за ученици. Тие го анимираат своето име, името на нивното милениче, име на омилено животно и сл. Kодираат во Scratch и се забавуваа. Благодариме #EUCodeweek! Ова се дел од нивните проекти.
Tuesday, June 6, 2023
еТвининг проект Let's be friends
М-р Оливера Шиклеска-Грозданова,
Monday, February 13, 2023
Ден на безбеден Интернет -7ми Февруари 2023
Учениците од ООУ „Ѓорѓи Сугарев“Битола, како и претходните години, активно се вклучија во одбележување на Денот на безбеден интернет. Оваа година на 7ми Февруари 2023г., учениците од нашето училиште реализираа неколку различни активности со цел подигнување на свеста за безбедност на Интернет.
Monday, January 30, 2023
Let's be friends
Од декември 2022г., со учениците од 6-3 започнавме нов етвининг проект Let’s be friends,во кој се вклучени училишта од Турција, Србија, Полска, Романија, Шпанија и Португалија.Овој проект е проект е за пријателство. Целта е да се подобруваат колаборативните и јазичнитевештини на нашите ученици преку комуникација и соработка со ученици - пријателиод други земји.Во наредниот период до април 2023 г. предвидени се повеќе различни активности.Учениците ќе користат веб2.0 дигитални алатки и апликации за креирање на презентации,видеа, песни и ќе имаа активна улога во текот на целиот проект. Учениците ќе имаатонлајн средби на различни теми. Нивното внимание ќе го насочиме кон природата и подигнувањена свеста за важноста за здраво живеење. Безбедно користење на интернет е исто така, една одглавните цели на нашиот проект.Откако родителите потпишаа согласност за учество на нивните деца во проектот,започнавме со првите активности:-онлајн состаноци на наставнците од училиштата вклучени во проектот- креирање видео презентација на училиштето-креиравме постер на проектот-креирање лого на проектот и избор на официјално лого на проектот-креирање аватар и претставување на учениците преку анимација- анкета за гласање за лого- креирање етвининг корнер и табла на проектот- Креирање на падлет за заедничко споделување на активности-учество во снимање на заедничка песна со учениците од сите земји-креирање на блог за проектот https://etwinningprojectletsbefriends.blogspot.com/
Monday, December 5, 2022
Етвининг проект „Ако бев боја, ќе бев плава затоа што...“
По повод 3ти декември- меѓународниот ден на Лицата со попреченост, ученици активни етвинери од 6то одделение се вклучија во етвининг проект „Ако бев боја, ќе бев плава затоа што...“ и со свои креативни проекти се вклучија во одбележување на овој ден. Целта е да се подига свеста кај учениците за нивните соученици со попреченост, да учат да ги гледаат различностите како придобивки бидејќи богатството на една средина се согледува преку различноста.
ТАБЕЛАРНИ ПРЕСМЕТУВАЊА
ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ Вежба 1 Вежба 2 Вежба 3 Вежба 4 Вежба 5 Вежба 6
-
ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ Вежба 1 Вежба 2 Вежба 3 Вежба 4 Вежба 5 Вежба 6
-
Вежба за уредување на пасуси Текст за вежбање на уредување пасуси Пасус 1 Пролетта е годишно време кое носи свежина и нови почетоци. Дрвј...
-
Одредете дали дадениот исказ за етичко користење на компјутерите, е правилен или не https://learningapps.org/display?v=pqjpxn5ua25 http...











.jpg)
.jpg)







.png)

.jpg)


.jpg)
.jpg)

.jpg)





