Thursday, April 10, 2025

ЕДУКАТИВНА ЛЕГО РАБОТИЛНИЦА

 

По повод Денот на училиштето, на ден 02.04.2025г.  на наша покана и наше големо задоволство, со учениците од шесто одделение бевме домаќини на ученици-членови од ЕДУ Академија, млади ЛЕГО инжинери со нивниот Лего едукатор Тања Стојковска.

📢Секој час преставува нова авантура и потик за учење на нови вештини!👍

✔️Од мали нозе кон големи достигнувања - вештини на иднината се развиваат со помош на Лего едукација. 👏

🌏Деца кои преку игра истражуваат научни принципи, стануваат сигурни во своите способности и потенцијали и повеќе се спремни за предизвиците во иднината!🌟

*       Благодарност до членовите на ЕДУ Академија и нивниот Лего едукатор Тања Стојковска за прекрасната презентација и демонстрација на ЛЕГО модели.


 

 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Friday, June 28, 2024

Be Earth Friendly - еТвининг проект




Оваа учебна година, учениците од 6-то и 7-мо одд. од ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола беа  активно вклучени во етвининг проектот Be Earth Friendly со ученици од 4 други партнер држави: Тунис, Јордан, Хрватска и Шпанија. Главна цел на проектот е да ја подигне свеста и да ја поттикне одговорноста за заштита на почвата а со тоа и за Земјата и иднината на човештвото. Преку заеднички активности, проектот поттикна преземање важни мерки за изнаоѓање решенија за загадувањето на почвата, подобрување на одржливоста на почвата и обезбедување одржлива земјоделска продуктивност според Целите за одржлив развој.
Нашите ученици работеа во 5 меѓународни групи, именувани по компонентите на почвата, на креативен, уметнички и иновативен начин. Колаборативните активности беа дигитални и реални: независно истражување на темата, изработка на колаборативен Водич за рециклирање: од загадувачи на почвата до уметнички дела, кои може да се користат за да се инспирираат други. Резултат на овој проект беа извонредни уметнички дела рачно создадени од ученици до заеднички виртуелен музеј и кампањи за чистење и засадување дрвца во нивните училишта и населби.
Од нашето училиште беа вклучени учениците од 6то одделение:  Андреа Николовска, Анастасиа Ѓоргиева, Санка Јашаровска, Арзије Канановска, Мила Ристевска и од 7мо одделение: Рисима Ристоска, Христијан Јошевски, Александра Србиновска, Јован Василевски, Мартин Милевски, Христијан Јошевски, Дамја и Леона Дамјаноска.


Friday, May 10, 2024

еТвининг Ден 9-ти Мај 2024

 Под мотот „Ајде да прославуваме заедно“ , учениците од 6то одделение се приклучија кон иницијативата за одбележување на 9ти Мај Денот на еТвининг и Денот на Европа. Ученциите реализираа заедничка активност со други ученици од повеќе држави од Европа вклучувајќи се во претходно најавен настан со даден код. Оваа активност наиде на голем интерес од страна на учениците.

















Wednesday, January 31, 2024

Кодираме со #EUCodeweek ресурси

Учениците од 6то одделение изработуваa едноставни програми со редоследна структура и користea готов ресурс од EUCodeweek ресурси за ученици. Тие го анимираат своето име, името на нивното милениче, име на омилено животно и сл. Kодираат во Scratch и се забавуваа. Благодариме #EUCodeweek! Ова се дел од нивните проекти.





Tuesday, June 6, 2023

еТвининг проект Let's be friends

ДОДЕЛЕНИ СЕРТИФИКАТИ НА УЧЕНИЦИТЕ

На огромно задоволство на сите партнер училишта од Турција, Србија, Португалија, Романија, Полска, Шпанија и Северна Македонија, успешно го завршивме етвининг проектот Let’s be Friends. Денес беа доделени сертификатите на учениците од 6то оддделение кои учествуваа во реализацијата на проектните активности во овој проект. Пред своите соученици, учениците учесници во проектот најпрво ги презентираа проектните активности и споделија што беше за нив најинтересно во овој преокт. Овој настан беше мотивација и поттик и за сите други ученици кои во иднина ќе се вклучат во следни етвининг проекти.

                                                     М-р Оливера Шиклеска-Грозданова,

                                                        етвининг амбасадор



 

Monday, February 13, 2023

Ден на безбеден Интернет -7ми Февруари 2023

 Учениците од ООУ „Ѓорѓи Сугарев“Битола, како и претходните години, активно се вклучија во одбележување на Денот на безбеден интернет. Оваа година на 7ми Февруари 2023г., учениците од нашето училиште реализираа неколку различни активности со цел подигнување на свеста за безбедност на Интернет. 

Имено, учениците од 6то одделение, најпрво преку презентација се запознаа со правилата за безбедно користење на Интернетот, потоа користеа  апликација за учење за да определат кое е правилно однесување на Интернет. Потоа  имаа можност да споделат свое мислење на linoit табла за споделување. Особено интересен им беше Kahoot квизот  каде што учениците иаа можност да ги проверуваат своите знаења.










ТАБЕЛАРНИ ПРЕСМЕТУВАЊА

 ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ   Вежба 1   Вежба  2   Вежба  3   Вежба  4   Вежба  5   Вежба  6