Презентација за историскиот развој на компјутерите
QRкод за временска лента - учениците можат да поставуваа слики и да внесат карактеристики на поважните откритија од кои може да се воочи брзиот развој на компјутерската технологијаат.
Презентација за историскиот развој на компјутерите
По повод Денот на
училиштето, на ден 02.04.2025г. на наша покана и наше големо задоволство, со
учениците од шесто одделение бевме домаќини на ученици-членови од ЕДУ
Академија, млади ЛЕГО инжинери со нивниот Лего едукатор Тања Стојковска.
Секој час
преставува нова авантура и потик за учење на нови вештини!
Од мали нозе кон големи
достигнувања - вештини на иднината се развиваат со помош на Лего едукација.
Деца кои преку
игра истражуваат научни принципи, стануваат сигурни во своите способности и
потенцијали и повеќе се спремни за предизвиците во иднината!
Благодарност
до членовите на ЕДУ Академија и нивниот Лего едукатор Тања Стојковска за
прекрасната презентација и демонстрација на ЛЕГО модели.
Под мотот „Ајде да прославуваме заедно“ , учениците од 6то одделение се приклучија кон иницијативата за одбележување на 9ти Мај Денот на еТвининг и Денот на Европа. Ученциите реализираа заедничка активност со други ученици од повеќе држави од Европа вклучувајќи се во претходно најавен настан со даден код. Оваа активност наиде на голем интерес од страна на учениците.
Учениците од 6то одделение изработуваa едноставни програми со редоследна структура и користea готов ресурс од EUCodeweek ресурси за ученици. Тие го анимираат своето име, името на нивното милениче, име на омилено животно и сл. Kодираат во Scratch и се забавуваа. Благодариме #EUCodeweek! Ова се дел од нивните проекти.
М-р Оливера Шиклеска-Грозданова,
ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ Вежба 1 Вежба 2 Вежба 3 Вежба 4 Вежба 5 Вежба 6