Основни елементи на програмскиот јазик Scratch
Scratch е визуелен програмски јазик, што значи во него се
програмира на многу визуелен начин преку редење на блокови кои претставуваат
команди. Во Scratch може да се креираат многу интересни приказни, анимации,
игри и сл.
Програмирањето во Scratch е всушност
креирање програми со помош на објекти, наречени фигури и наредби во форма на
блокови или скрипти.
Исказите или блоковите се групирани во 8 категории-движење, погледи, звук,
молив, контрола, распознавање, оператори и променливи.
За да се изврши
исказот, треба соодветниот блок со влечење да се стави во делот со скрипти
(програми) и двојно да кликнете на него. Резултатот од извршувањето на
програмата се прикажува во просторот, наречен Етапа.