Saturday, May 28, 2022

НАТПРЕВАРИ И НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ

Во организација на Народна техника на 04.05.2022 год. се одржа 59-ти Регионален натпревар за млади техничари и природници. Од нашето училиште под менторство на наставничката по информатика М-р Оливера Шиклеска-Грозданова во областа Компјутерска техника ученичката Матеа Ристевска од IX-то одд. со проектот Примена на микробит при мерење на загадувањето на воздухот го освои првото место и во областа РОБОТИКА ученикот Стефан Ристевски со проектот Китроник Мотор и навигација со микробит го освои првото место. Честитки!








Tuesday, May 24, 2022

еТвининг Проект Ткајачи на животот 2


 

Како продолжение на минатогодишниот еТвининг проект Ткајачи на животот 1, девет ученици од 8-мо и 9-то одделение  оваа година активно се вклучија во еТвининг проект Ткајачи на животот 2 посветен на Меѓународниот ден на толеранцијата 16-ти Ноември. Цел на проектот беше  да се користат убави зборови во комуникацијата, бидејќи само на овој начин учениците прераснуваат во здрави и позитивни луѓе кои шират емпатија.

Преку овој проект беа постигнати следниве задачи развој на човечки вредности и етика кај децата, зајакнување со примери на добро однесување, Презентација на начини на добра комуникација, поттикнување на размислување за важноста на убавото и културното однесување, развој на ИКТ вештини; креативно размислување, уметност и јазични вештини; меѓупредметно поврзување на наставните содржини и сл.

            На почетокот на проектот, училиштата вклучени во проектот се претставуваа и се запознаваа учениците –учесници во проектот. Потоа се договараа различните активности кои се реализираа во рамките на проектот. Од октовмри до мај се реализираа следниве активности: Испраќање пораки со Браева азбука,  Презентација – креирање на ланец на толерантни зборови, Инклујзивна активност по повод денот на детето 20 Ноември, Божиќни честитки, Розеви маици, Ден на шарени чорапи за деца со даунов синдром и сл.

Учениците ао задовослство учествуваа во различните креативни активности и користеа различни ИКТ алатки како Canva, WordArt, SonyVegas, Youtube, …Учениците учеа, размислуваа, истражуваа, соработуваа, разменуваа идеи и сите се согласивме дека овој проект е многу важен и стимулативен. Уживаа во сите активности, развивајќи креативни уметнички и дигитални вештини и потврдија дека проектот ги исполни нивните очекувања.

         

ТАБЕЛАРНИ ПРЕСМЕТУВАЊА

 ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ   Вежба 1   Вежба  2   Вежба  3   Вежба  4   Вежба  5   Вежба  6