Како продолжение на минатогодишниот
еТвининг проект Ткајачи на животот 1, девет ученици од 8-мо и 9-то одделение оваа
година активно се вклучија во еТвининг проект Ткајачи на животот 2 посветен на
Меѓународниот ден на толеранцијата 16-ти Ноември. Цел на проектот
беше да
се користат убави зборови во комуникацијата, бидејќи само на овој начин
учениците прераснуваат во здрави и позитивни луѓе кои шират емпатија.
Преку овој проект беа постигнати следниве
задачи развој на човечки вредности
и етика кај децата, зајакнување со примери на
добро однесување, Презентација на начини на
добра комуникација, поттикнување на размислување за важноста на
убавото и културното однесување, развој на ИКТ вештини; креативно размислување, уметност и јазични
вештини; меѓупредметно поврзување на наставните содржини и сл.
На почетокот на проектот,
училиштата вклучени во проектот се претставуваа и се запознаваа учениците –учесници
во проектот. Потоа се договараа различните активности кои се реализираа во
рамките на проектот. Од октовмри до мај се реализираа следниве активности:
Испраќање пораки со Браева азбука, Презентација – креирање на ланец на толерантни
зборови, Инклујзивна активност по повод денот на детето 20 Ноември, Божиќни
честитки, Розеви маици, Ден на шарени чорапи за деца со даунов синдром и сл.
Учениците ао задовослство
учествуваа во различните креативни активности и користеа различни ИКТ алатки
како Canva, WordArt, SonyVegas, Youtube, …Учениците учеа, размислуваа, истражуваа,
соработуваа, разменуваа идеи и сите се согласивме дека овој проект е многу
важен и стимулативен. Уживаа во сите активности, развивајќи креативни
уметнички и дигитални вештини и потврдија дека проектот ги исполни нивните очекувања.
No comments:
Post a Comment