Во периодот од 8ми до 23ти Октомври 2022 се организира
Европската недела на кодирањето со цел да се промовира кодирањето и дигиталната
писменост кај учениците на забавен и интересен начин. Под мотото КОДИРАЊЕТО Е ЗА
СЕКОГО, со низа активности, ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола активно се вклучи во
одбележување на 10годишнината на Европската Недела на кодирање. Вкупно 120 ученици од прво до деветто одделение и 12 наставници
реализираа различни настани и активности. Задоволството кај учениците беше
големо и покажаа интерес за вклучување во идни вакви настани. На крајот сите
учесници, ученици и наставници добија сертификат за учество. Благодарност до сите наставници кои со своите
ученици ја поддржаа оваа иницијатива и беа дел од овогодинешните настани.
12.10.2022
Вкупно 22 учениците од 9то одделение со наставничките
Оливера Шиклеска-Грозданова и Биљана Темелкова креираа едноставни scratch
проекти на тема Роденденска забава CODEWEEK
13.10.2022
На тема 10ти роденден CODEWEEK учениците од 6то одделение со наставничките Марика
Лазовска Целакоска и Марија Силјановска се запознаа со микробитот и креираа
едноставни микробит проекти
Вкупно 36 ученици од 7мо одделение со наставничките
Жаклина Гиновска и Јасминка Секулова беа вклучени во час за кодирање со Minecraft
Adventurer
14.10.2022 год.
Учениците од прво одделение со наставничката Невенка
Иванова-Толеска реализираа креирање цртежи преку pixel art
Во настанот Кодираме и се забавуваме беа вклучени 13
учениците од второ одделение со наставничката Виолета Момчиловска
Настанот Среќен
10ти роденден CODEWEEK го
реализираа 23
учениците од трето одделение со наставничките Сунчица
Бендевска и Елена Штраклевска Мицевски
Учениците од четврто одделение со наставничките Наташа
Тодоровска и Билјана Рахманова Тасева креираа едноставни микробит проекти
20.10.2022
На тема Кодираме во природа учениците 12 ученици од 8то
одделение со наставничките Сузана Ристевска и Фросина Јанкоска беа во посета на
Националниот парк Галичица каде реализираа активности со микробитот и креираа едноставни
микробит проекти: мерење на температура на воздухот, броење на чекори и др.
25.10.2022
Роденденска забава – доделување сертификати на учесниците
кои беа дел од Европската недела на кодирање
Извештајот го подготвил:
М-р Оливера Шиклеска-Грозданова
Наставник по информатика









