Wednesday, October 26, 2022

ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА КОДИРАЊЕ 8-23 октомври 2022

 

Во периодот од 8ми до 23ти Октомври 2022 се организира Европската недела на кодирањето со цел да се промовира кодирањето и дигиталната писменост кај учениците на забавен и интересен начин. Под мотото КОДИРАЊЕТО Е ЗА СЕКОГО, со низа активности, ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола активно се вклучи во одбележување на 10годишнината на Европската Недела на кодирање. Вкупно 120 ученици од прво до деветто одделение и 12 наставници реализираа различни настани и активности. Задоволството кај учениците беше големо и покажаа интерес за вклучување во идни вакви настани. На крајот сите учесници, ученици и наставници добија сертификат за учество.  Благодарност до сите наставници кои со своите ученици ја поддржаа оваа иницијатива и беа дел од овогодинешните настани.

12.10.2022

*    Вкупно 22 учениците од 9то одделение со наставничките Оливера Шиклеска-Грозданова и Биљана Темелкова креираа едноставни scratch проекти на тема Роденденска забава CODEWEEK

13.10.2022

*    На тема 10ти роденден CODEWEEK учениците од 6то одделение со наставничките Марика Лазовска Целакоска и Марија Силјановска се запознаа со микробитот и креираа едноставни микробит проекти

*    Вкупно 36 ученици од 7мо одделение со наставничките Жаклина Гиновска и Јасминка Секулова беа вклучени во час за кодирање со Minecraft Adventurer

14.10.2022 год.

*    Учениците од прво одделение со наставничката Невенка Иванова-Толеска реализираа креирање цртежи преку pixel art

*    Во настанот Кодираме и се забавуваме беа вклучени 13 учениците од второ одделение со наставничката Виолета Момчиловска 

*    Настанот  Среќен 10ти роденден CODEWEEK го реализираа  23 учениците од трето одделение со наставничките Сунчица Бендевска и Елена Штраклевска Мицевски

*    Учениците од четврто одделение со наставничките Наташа Тодоровска и Билјана Рахманова Тасева креираа едноставни микробит проекти

 

20.10.2022

*    На тема Кодираме во природа учениците 12 ученици од 8то одделение со наставничките Сузана Ристевска и Фросина Јанкоска беа во посета на Националниот парк Галичица каде реализираа активности со микробитот и креираа едноставни микробит проекти: мерење на температура на воздухот, броење на чекори и др.

25.10.2022

*    Роденденска забава – доделување сертификати на учесниците кои беа дел од Европската недела на кодирање
















Извештајот го подготвил:

М-р Оливера Шиклеска-Грозданова

Наставник по информатика

No comments:

Post a Comment

ТАБЕЛАРНИ ПРЕСМЕТУВАЊА

 ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ   Вежба 1   Вежба  2   Вежба  3   Вежба  4   Вежба  5   Вежба  6