Во организација на Народна техника на 04.05.2022 год. се одржа 59-ти Регионален натпревар за млади техничари и природници. Од нашето училиште под менторство на наставничката по информатика М-р Оливера Шиклеска-Грозданова во областа Компјутерска техника ученичката Матеа Ристевска од IX-то одд. со проектот Примена на микробит при мерење на загадувањето на воздухот го освои првото место и во областа РОБОТИКА ученикот Стефан Ристевски со проектот Китроник Мотор и навигација со микробит го освои првото место. Честитки!
Saturday, May 28, 2022
Tuesday, May 24, 2022
еТвининг Проект Ткајачи на животот 2
Како продолжение на минатогодишниот
еТвининг проект Ткајачи на животот 1, девет ученици од 8-мо и 9-то одделение оваа
година активно се вклучија во еТвининг проект Ткајачи на животот 2 посветен на
Меѓународниот ден на толеранцијата 16-ти Ноември. Цел на проектот
беше да
се користат убави зборови во комуникацијата, бидејќи само на овој начин
учениците прераснуваат во здрави и позитивни луѓе кои шират емпатија.
Преку овој проект беа постигнати следниве
задачи развој на човечки вредности
и етика кај децата, зајакнување со примери на
добро однесување, Презентација на начини на
добра комуникација, поттикнување на размислување за важноста на
убавото и културното однесување, развој на ИКТ вештини; креативно размислување, уметност и јазични
вештини; меѓупредметно поврзување на наставните содржини и сл.
На почетокот на проектот,
училиштата вклучени во проектот се претставуваа и се запознаваа учениците –учесници
во проектот. Потоа се договараа различните активности кои се реализираа во
рамките на проектот. Од октовмри до мај се реализираа следниве активности:
Испраќање пораки со Браева азбука, Презентација – креирање на ланец на толерантни
зборови, Инклујзивна активност по повод денот на детето 20 Ноември, Божиќни
честитки, Розеви маици, Ден на шарени чорапи за деца со даунов синдром и сл.
Учениците ао задовослство
учествуваа во различните креативни активности и користеа различни ИКТ алатки
како Canva, WordArt, SonyVegas, Youtube, …Учениците учеа, размислуваа, истражуваа,
соработуваа, разменуваа идеи и сите се согласивме дека овој проект е многу
важен и стимулативен. Уживаа во сите активности, развивајќи креативни
уметнички и дигитални вештини и потврдија дека проектот ги исполни нивните очекувања.
Wednesday, March 30, 2022
Monday, December 27, 2021
Робот г-дин Мик
На следниот линк можете да го погледнете видеото Запознајте го нашиот робот г-дин Мик, кој го изработија учениците од 9-то одделение, кои се дел од Клубот за кодирање на училиштето. Гдин Мик се роди како дел од Програмата „Училиишта за 21век“и обуката за Критичко размислување и решавање проблеми и кодирање преку уредот микробит
Sunday, December 26, 2021
Новогодишни честитки
Thursday, October 21, 2021
Недела на кодирање
Во рамките на Неделата на кодирање која се организираше од 9ти до 24ти Октомври, учениците од VI-то одделение беа вклучени во организиран настан на тема Забава со микробит. Учениците имаа можност да креираат интересни микробит проекти и на забавен начин да ја искажат својата креативност. За нивното учество, добија и сертификати од официјалниот организатор на Неделата на кодирање.
Tuesday, September 7, 2021
Запознавање со микробит
На првиот училишен час од новата учебна година со учениците од 6-то одделение, покрај запознавање с0 наставната програма по предметот Информатика, учениците имаа можност преку една воведна активност учениците да се запознаат со микробитот. Активноста се состоеше во генерирање на случаен број за одредување кој компјутер ќе го користат учениците на часовите. Интересот како работи микробитот беше голем и задоволството беше очигледно
ТАБЕЛАРНИ ПРЕСМЕТУВАЊА
ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ Вежба 1 Вежба 2 Вежба 3 Вежба 4 Вежба 5 Вежба 6
-
ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ Вежба 1 Вежба 2 Вежба 3 Вежба 4 Вежба 5 Вежба 6
-
Вежба за уредување на пасуси Текст за вежбање на уредување пасуси Пасус 1 Пролетта е годишно време кое носи свежина и нови почетоци. Дрвј...
-
Одредете дали дадениот исказ за етичко користење на компјутерите, е правилен или не https://learningapps.org/display?v=pqjpxn5ua25 http...







